37% од компаниите во Македонија се бават со трговија

Bez autora
Jul 09 2013

Од вкупно 74.424 компании коишто биле активни заклучно со последниот ден од минатата година, во Македонија има само 335 компании (0,45%) што влегуваат во категоријата големи, односно вработуваат над 250 луѓе. Според Државниот завод за статистика, во македонската економија доминира бројот на микрокомпании со број на вработени од едно до девет лица и тие се 53.117 или 72%. Следуваат малите (10-49 вработени) со 8.833 и средните (50-249) со 631 активни компании во 2012 година. Најголем број од компаниите (37%) се од дејноста трговија на големо и на мало, а меѓу првите пет економски сектори според бројноста на компаниите е преработувачката индустрија со 8.251 компанија, транспорт и складирање со 6.445 компании, стручни, научни и технички дејности со 5.707 компании и објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 4.611 компании.

37% од компаниите во Македонија се бават со трговијаОд вкупно 74.424 компании коишто биле активни заклучно со последниот ден од минатата година, во Македонија има само 335 компании (0,45%) што влегуваат во категоријата големи, односно вработуваат над 250 луѓе.

Според Државниот завод за статистика, во македонската економија доминира бројот на микрокомпании со број на вработени од едно до девет лица и тие се 53.117 или 72%. Следуваат малите (10-49 вработени) со 8.833 и средните (50-249) со 631 активни компании во 2012 година.

Најголем број од компаниите (37%) се од дејноста трговија на големо и на мало, а меѓу првите пет економски сектори според бројноста на компаниите е преработувачката индустрија со 8.251 компанија, транспорт и складирање со 6.445 компании, стручни, научни и технички дејности со 5.707 компании и објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 4.611 компании.

Во Скопје, со население од околу една третина од вкупната популација на Македонија, се наоѓаат 36,5% од вкупниот број активни компании во земјата. Во Скопје се наоѓаат 34% од микрокомпаниите, 43% од малите, половина од средните и дури 70% од големите компании во Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik